(ВИДЕО) „Со идиоти коа си имаш работа“

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција објави разговори за кои рече дека се меѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски, а се однесуваат на убиството на Мартин Нешковски.

За полицаецот Спасов, вели Заев, Јанкулоска посочува дека е малоумен. Јанкулоска и Котевски, посочи Заев, се договараат како тоа убиството медиумски да го пласираат и се смеат во текот на разговорите.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески 

ГЈ: Ало

ИК: Ало

ГЈ: Кажи

ИК: Е, а бе, ништо, сакав да спомнам, од новинариве пошто ми спомнуваат ваму од протестот, добро е, тоа е и очекувано, пуно дека е комуњари.

ГЈ: Е па…

ИК: Муабетот ми е бе и за утре, ако продужат вака да се чаламат, ај добро, у реду, таа ќе биде политичката порака дека сме против насилство, ама кој беше бе, Бичикле ли беше близок со таа жена му на тој Поштар, моштар, такви работи, од тоа време?

ГЈ: Па Бичикле ваљда, он со сите такви типуси е близок.

ИК: Да иде и да им пали свеќи пред СДСМ?

ГЈ: Ај да видиме сеа…

ИК: Ако има комуњари многу на протестов, па нека објават малце со Поштар што напраиле. Нели, пошто се против насилство.

ГЈ: А бе, овој идиотов, мислам, како можел така.

ИК: Нашиов?

ГЈ: Да. Треба да си малоумен.

ИК: Скроз.

ГЈ: Значи, да ти е изваден мозокот и стаен у тегла и да искочиш надвор.

ИК: Нејсе, ја не сум фокусиран на него. Мене…шо напраил он, напраил, него ние испаднавме малоумни што не реагиравме првиот ден.

ГЈ: Е па, испаднавме.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески

ГЈ: Ало

ИК: Ало

ГЈ: Кажи бе Иво.

ИК: Ало

ГЈ: А бе, те слушам, ти викам, кажи.

ИК: Ааа, добро. Сеа ми се јави Апостол, а бе тоа, од беља у беља. Многу боље ќе беше да идевме со првата варијанта ја шо ја мислев, дека сме го привеле. Сега се прави овој на будала, ја не сум, не сум се пријавил. И што ќе правиме ако остане вака?

ГЈ: Не знам шо ќе праиме. Идиот.

ИК: Ама, многу лошо е. Ако остане вака е ептен лошо. Испаѓа дека сме лажеле. Ајде, сам се пријавил, ама ако на Суд идеме со варијанта…освен негово признание, немаме друг доказ…

ГЈ: Ќе имаме, ќе направат вечер препознавање. Само, што знам, малку ми е чудно, нели овие очевидциве викаа крупен…

ИК: А, овој колкав е?

ГЈ: Овој Игор Спасов е, така?

ИК: Да.

ГЈ: Па, не е крупен. Го знам јас.

ИК: А, има ли тетоважа овој?

ГЈ: Е сеа, не го знам до толку, хахаха, не ме заебавај.

ИК: Не, затоа што кажуваа дека виделе дека имал тетоважа, бил у бела маица и имал тетоважа на раката. Ама, сеа…

ГЈ: Не ми текнува јас него дали го видов негде на Плоштад, искрена да бидам.

ИК: Ама и тоа…

ГЈ: Пошо ја добро го знам овој кој е, така да.

ИК: И тоа крупен е релативно. Сега за мене крупен може да биде еден…

ГЈ: Да де, да.

ИК: А, за мајка ми да биде друг крупен пошто е поситна.

ГЈ: Да де, да.

ИК: Мислам, не е тоа некоја онака карактеристика…

ГЈ: Може па се набилдал последниве година дена јас како го немам видено.

ИК: Ама, многу е лошо ако остане вака. Апостол рече ќе иде пак да се обиде да разговара, не дај Боже да немаме пријава, крш ќе нé направат и тоа многу ќе биде крш.

ГЈ: Ај и ја ќе се јавам.

ИК: Не, не, ама мора стварно да се договорите, да се притисне, да се расчисти работава, пошто многу ќе биде лошо, дека сме излажале. Ајде еве ги Сител бутаат, и другиве нешто праат, ваму, таму…

ГЈ: Да де, да.

ИК: Единствено позитивно у сé, е тоа дека ни е завршен случајот, затворен, идентификуван сторителот, обезбеден. А ако испадне дека не е тој, дека нé напраиле мајмуни, дека немаме основа за пријава, лом ќе биде од утре, лом. Овие што нé бранат медиуми, нема да имаат аргумент.

ГЈ: Да де, да.

ИК: Мислам, друго е вака политички, сме го обезбедиле, утре организирај протести ко шо денес беа СДСМ, организирај пред овакво, пенали ети ти политички, они политички, затворен случајот. Ама, без пријава, тапа сме. Тапа сме. Без пријава ќе мора да се наоѓа милион други глупости шо да се напраи, како да се…

ГЈ: Нема шо да се најде. Туку, ај, да си ја даде он изјавата што си ја дал првично.

ИК: Ништо, притискајте го.

ГЈ: Многу глупости тресе. Прво рекол дека му паднало детево од раце.

ИК: А бе, знам тоа, го слушав Урко кога објаснуваше. Па после, ај не му паднало, го удрив, ама го удрив еднаш.

ГЈ: Ах, со идиоти коа си имаш работа.

ИК: Не, не, ене ги, и Апостол си ја имаат бељата. Вика, нејќе да потпише ни изјава, ни ништо. Ама ја не се пријавив. Второ, да не збориме оние процедурални заебанции што нели он му се пријавил на старешината сам откако видел на телевизија. Тоа беше за него да му најдеме олеснителна околност у Суд, откако видел дека демек детево рикнало на телевизија…

ГЈ: И си отишол дома.

ИК: Па му проработела совеста, што, по мене беше исто ноторна глупост, дури и да е повреден, мора да останеш со него.

ГЈ: Да де, да.

ИК: Не ти е олеснителна околност…

ГЈ: Не само да останеш, него да му пружиш помош мораш.

ИК: Така, значи, не ти е никаква олеснителна околност, ама нејсе, ајде и тоа го проголтав да се бламираме, и сега уште да ти каже, не сум ја, катанга ќе биде. А муабетот ми беше, и башка немаме ние ни службена белешка, сериозно е тоа, мене да ми дојде Арбен да ми каже, а бе шефе ја убив човек. И шо да му кажам, добро Арбен, не се секирај, ај иди таму побарај го Апостол, ако не, шо треба, тука сум ја. Мораш да напраиш бре службена белешка, ти пријавува овој дека убил чоек.

ГЈ: Да де, да.

ИК: Мислам, не е…

ГЈ: Исто, чекај бе, ај денес никој не реагира. На кој старешина он му се пријавил?

ИК: Хаха, не можат тоа да го испитаат.

ГЈ: Не, ама, еве, тоа прво прашање. На кој старешина?

ИК: На неговиот претпоставен. Не можеме да го кажеме, од специјалците е, ај со здравје. Мислам, ако ја имаме пријавата…

ГЈ: Усна наредба…Кој му дал усна наредба? Каква е таа усна наредба од специјална единица, без униформа? Нема таква усна наредба. Мислам, некој малку од малку шо разбира.

ИК: Многу потценувачки влеговме у случајов.

ГЈ: Ајде, ја ќе зборам сега уште еднаш.

ИК: И несериозно и мора некако да се извадиме, лошо е. Мислам, пријавава колку толку ќе балансира, тие работи да, точно е, пропусти се, комуњариве не се наивни, биле и они, знаат како иде и наредба и сé…

ГЈ: Да де, да.

ИК: Не можеш да ги мафтосуваш, ама у принцип и они, ако има кривична пријава што ќе се буни, ама кој му ја дал наредбата. А бе, пријатно, ете ти го, тој е крив. И да имал наредба да набљудува у цивилка е, да праи нешто, немал наредба да убие човек.

ГЈ: Да де, да. Види, до вечер ќе го изнесат пред Суд.

ИК: Апостол не ми беше оптимист, за тоа.

ГЈ: Ќе ги притиснам јас сите.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески

ИК: Да смислиме…

ГЈ: Абе и овој Спасов со тој ум, знаев дека ќе…кога тогаш до овде ќе стаса

ИК: Не никако само да се притисне асално и он да знае, да не си игра играчки подобро да признае да му…

ГЈ: Да зеам да го задавам…

ИК: Да му средуваме после отколку нас да не праи сеа мајмуни да знае дека ќе го јаде многу подебело… стварно не е играчка да утепаш чоек

ГЈ: Ма зошто го тепал значи он немал одговор зошто го тепал…

ИК: Не знам мислам ајде… кој ми кажа од Сител Цаци, Латас им јавуел ексклузивно од МВР дознал дека малиов крадел пијачки

ГЈ: Па така и кажаа овие, крадел пијачки на шанк и полицијата тргнала по него, нека не се…бламира

ИК: А кој кажал така?

ГЈ: Па Ивона на вести

ИК: Е па тоа некој му кажал на Латас така да каже…

ГЈ: Да ама е многу глупаво…

ИК: Идиотски е да го праиш малиов дури и да крадел пријачки…

ГЈ: Па и да краел не треба да го утепаш…

ИК: Не треба да го убиеш…

ГЈ: Ајде… ај чао

ИК: Не бе тоа ќе беше многу боље да се бутнеше информација дека од СДСМ некој у МВР…хахах…утепал член на ВМРО

ГЈ: Ајде, ајде чао

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котески

ИК: Е тоа сакав да се јавам јас, да прашам… пошто и Јане ми досаѓа, што да праат они? Реално состојбата е ваква, значи можеме ние како сакаме да идеме, ако сакаме да му помагаме…

ГЈ: Не бе зошо…

ИК:… да му помогнеме ако нејќеме да си го тераме као реално со тоа што…без разлика утре и да прашаат они министерката за да не конфронтираат тоа не боли затоа што ама Иво рече дека бил на должност…

ГЈ: Ќе кажам не знам Иво шо збори тој врска нема шо збори, батали го… хахаа

ИК: хахаха….

ГЈ: хахаха, батали го, несериозен

ИК: Реално има одговор на тоа, да тоа му беше првичниот исказ, дека он бил повикан, проверивме во евиденција нема никаква наредба дека е он повикан… крај

ГЈ: Да де да…

ИК:… а инаку фактичката состојба е…

ГЈ: Му се јавил Урко на телефон

ИК: Да, му се јавил Урко на телефон ама идиотот бил на должност службено не тука туку во Куманово и во Куманово требало да седи до 10 саат, ко што почнале да стигаат резултати околу 9, 9 ипол фаќање штрафта

ГЈ: Овој се домкнал…

ИК:…од Куманово тука да слави, значи он не е и повикан за да обезбедува реално ако збориме на плоштад

ГЈ: Не бе му се јавил Урко ми призна он мене… му рекол да дојде у АРМ… хахаха

ИК: хаха…

ГЈ: Тоа е сеа…

ИК Е шо да и кажам на Ане, како да…

ГЈ: Не знам, за нас шо е подобро тоа кажи и

ИК: Ане ми тврди дека за нас е подобро дека он не бил на работа…

ГЈ: Епа ако така ти тврди тој…

ИК: А за него е полошо тоа, пошто ако бил на работа…

ГЈ: Абе што ти е…

ИК:…вршел задачи службени, боже мој лошо ја извршил задачата…а реално значи он…или па да кажеме вистината, бил у Куманово, само он па да не почне после против Урко…

ГЈ: Да не почне да збори… не знам што да кажам

ИК: Ако не да се чуете со Урко или со директорот…

ГЈ: Шо има ја да се слушам со него не ме зезај, се слушнавме денес и се разбравме, како што може да забележиш… треба да си утврдат фактичка состојба и ајт со здравје

ИК: Ја им ја кажувам фактичката состојба…

ГЈ: Е па ние знаеш како може да кажеме, писмена наредба нема, прво дал таква изјава сега одбива да каже било што…

ИК: Да кажат дека он им наредба за во Куманово…да биде за 24 часот а не тука… и нишо понатаму…со тоа што а тука дали имал наредба да обезбедува немаме таква писмена наредба, првично во изјавата има кажано дека бил тука, но писмено не постои

ГЈ: Па така некако…

ИК: Така ќе идеме за јавност…аа на Ане ќе им речам да ти ја пишат фактичката состојба бидејќи реално ….дека он вршел службени задачи

ГЈ: Башка што никој на неа не и потврдува кој се јавил… за усна наредба кој ќе и потврди кој ќе и напише службена белешка…

ИК: Во ваков случај мислам дека ни Урко не е до толку…

ГЈ: Не бе кај…

ИК: хахахха…

ГЈ: Тоа погубно за него е…

ИК:… да де лошо е ќе те врзуваат

ГЈ: Да, него и вака ќе го врзуваат, ќе им најдат сеа по фејсбук слики… или по некоја друга, гарант ќе им најдат… они пошо не се, могу не се кријат вака со сликиве на фејсбук… ае ќе видиме сабајле…

ИК: Еве Ивона ми врти…

ГЈ: Ајде, ајде чао…

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски