Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе се натпреварува во Б групата на претстојното Европско првенство што ќе се игра во Шпанија. Противници на Македонија се селекциите на Русија, Германија и Литванија.
ЕП за ракометарки до 19 години ќе се игра во периодот од 23 јули до 2 август.
На денешната жрепка во Валенсија беа одредени и другите три групи:
А група: Данска, Хрватска, Црна Гора и Србија.
Ц група: Шведска, Романија, Унгарија и Франција.
Д група: Португалија, Норвешка, Шпанија и Белорусија.
Двете првопласирани од групната фаза одат во четвртфиналето, а останатите ќе разигруваат за пласман од 9-16.место.