„Мај – месец на велосипедисти“ кампања на РСБСП

Од:

Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започнува акцијата за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот, во склоп на кампањата „Мај – месец на велосипедисти“.

Целта на кампањата е да се намали бројот на жртви во сообраќајни несреќи – велосипедисти, и да се подигне сообраќајна култура и етика кај сите учесници во сообраќајот.

Во рамките на акцијата подготвени се сообраќајно едукативни материјали со практични совети за велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот, кои во текот на овој месец ќе им бидат делени на сите учесници во сообраќајот, посебно на велосипедистите.

Во рамките на кампањата ќе бидат организирани повеќе настани, велосипедски дефилеа, маршеви, сообраќајно едукативни предавања, се со единствена цел промоција на велосипедизмот како алтернативен облик на сообраќај, подигнување на свеста кај велосипедистите за важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи, користењето на опрема за пасивна безбедност, техничката исправност на велосипедите, како и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот за почитување на велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот.

Во акцијата, како што информираат од РСБСП, ќе бидат вклучени повеќе институции и организации, невладини организации, како и сите електронски и печатени медиуми.

Велосипедизмот претставува економски, енергетски и еколошки најодржлива форма на сообраќај којашто има силно и позитивно влијание врз здравјето на луѓето. Ваквите карактеристики го детерминираат развојот на велосипедизмот како мошне значаен од повеќе аспекти на негова секојдневна употреба во општеството а со тоа се наметнува и потребата за постојана грижа за поголема безбедност на велосипедистите во сообраќајот кои претставуваат една од најранливите групи на учесници во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух