Одново почнува процедурата за преговори за Кипар. Тоа го објави специјалниот пратеник на генералениот секретар на ОН, Еспен Барт Аиде по средба вчера со лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинчи во Никозија.
– Процедурата е процес и верувам дека ќе почне со конструктивен дух, изјави Аиде. Според него, сегашната ситуација дава шанса да може реално да се оди кон фактички преговори меѓу двете заедници за обединување на Кипар.
Кипарски медиуми јавуваат дека на 11 или 12 мај ќе биде официјално обновување на преговорите.
Последниот круг од преговорите за кипарскиот проблем меѓу кипарските Грци и Турци беше замрзнат во почетокот на октомври минатата година од претседателот на Република Кипар Никос Анастасијадис заради намерата на Турција да извршува анализи за наоѓалишта на нафта и природен гас во економска зона на островот.
Весникот Филелефтерос наведува дека клучно ќе биде претстојната посета на кипарскиот турски лидер Мустафа Аканџи во Турција закажана за утре.