Во Кинотека на Македонија од денеска до 8. мај ќе се одржува циклус современи холандски документарни филмови.
Публиката ќе има можност да ги види најсвежите филмски стории на Хеди Хонигман, Хела де Јонге, Морган Книбе и Петер Латастер и Петра Латастер Сиш.
– Тоа се филмови чии режисерски концепти привлекуваат со темите, начинот на портретирање, експериментот во визуелното и врвниот продукциски професионален ангажман. Но, освојуваат и со социјалниот и хуманистичкиот пристап на ликовите, на протагонистите, вели Гена Теодосиевска, филмски критичар и фестивалски селектор.