Црвенковски: Тешка битка не чека, но Груевски ќе падне

Од:

Како тече времето, самите претставници на власта престанаа да зборуваат дека странска служба вршела прислушување, а сега зборуваат  странска служба   нарачала прислушување тука преку нивни луѓе. Значи власта се согласува дека прислушувањето е вршено во УБК и на системите во УБК. Јас не верувам дека некој може туку така да влезе во УБК, да ја искористи нивната опрема и да прислушува, рече поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски во интервју за Телма телевизија.

Во случај, доколку поверуваме во оваа приказна, тогаш во УБК работат аматери. Во секој случај треба оставки да има во УБК, а треба да има и кривична постапка, зашто овие луѓе не чинеле нешто да не заштитат од вакви злоупотреби.

Јас немам дилеми дека прислушувала власта, а уште пострашно е дека од содржината на прислушуваните разговори постојат низа кривични дела  кои биле вршени. Со фактот што Груевски ги заштити и застана зад сите овие луѓе можеме да заклучиме дека главниот нарачател е самиот Никола Груевски, рече Црвенковски.

За тезата на власта дека не прислушувала, со оглед дека на снимките се претставници на власта, Црвенковски кажа тоа  изгледа нелогично, но ако се зборува за логична власт.

-Но, во овој случај се работи за тоа дека власта сака да ги контролира своите соработници, затоа и   ги прислушува и нив, рече Црвенковски.

Тој кажа дека странците нема да го решат проблемот, но за слободата мора да се избори народот. Според него, ниту една опозиција не може да добие избори со ваква тоталитарна власт. Тешка битка не чека, таа ќе трае. Спремна е власта да преземе огромни ризици, колку ризици сме спремни како опозицја да преземеме е главното прашање.. Треба мирен отпор, не дека ќе ја промениме логиката на Груевски, туку ќе ги охрабриме сите што се против овој режим, рече тој и прогнозира дека Груевски ќе падне, само прашање е кога.

-Хазардерски е кога одите во коцкарница, добивате или губите, мене ми беше јасно дека на локалните избори ќе бидат тежок пораз, не зошто народот така сака, туку затоа што е на власт режим.  Власта ги злоупотребува парите од граѓаните за избори, целосна узурпација на медиумите, институците се узурпирани и работат само за партијата на власт.Тврдам дека за неколку месеци ќе се покаже дека е неопходно се што е опозиција да застане во еден фронт, тоа народно движење треба да биде мултиетничко, не е доволна само македонската опозиција, туку треба да биде тој фронт  мултиетнички, мултирелигиски. Ваков режим може да биде поразен само од народот, рече Црвенковски.
Овој е период кога зборуваме за политичка криза, ако погледнеме подолгорочно ќе видиме дека таа криза е поголема и поширока, ние имаме денеска компромитирани политички институции, длабоко економска финансиска криза, кога  власта со своите лажни податоци сака да презентира дека сме успешна економија. На краток период може да се издржи со кредити од 300 до 500 милиони евра, на на долг период ќе пукне како меур од сапуница, рече Црвенковски.

Оваа власт не може да биде дел од решението на политичката криза, зашто Груевски и луѓето околу него се креаторите на овој нелогичен ситстем кој го имаме во државата. Овде не зборуваме за битка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, треба да се направи широко народно движење каде СДСМ ќе биде клучен сегмент, но не движење под капата на СДСМ.

Јас немам илузии дека масовните протести, ќе ја сменат свеста на Никола Груевски, тој е скаран со здравата логика.

Груевски го избра патот на Милошевиќ на 24. Декември, и треба да биде свесен дека и неговиот 5 октомври ќе дојде. Кога опозицијата вадеше народ на митинзи во Белград, Милошевиќ правеше контрамитинзи.  Тоа е логиката на тоталитарец и диктатор. Дали уште има народ кој по се што се слушна и се разбра, да е спремен да се судри со свои пријатели и роднини заради Груевски? Јас во тоа не верувам, рече Црвенковски.

Според него, Груевски и екипата немаат избор, истиот ден кога ќе паднат тие ќе бидат пред судски проццеси, затоа ќе се борат до последно.

Црвенковски за обвинувањето дека затворил 460 затворени фабрики, а 200.000 луѓе оставил без работа за време на транзицијата, рече дека тоа е реториката на власта.
– Каде да кажам дека законот за приватизацијата го изготви Никола Кљусев, дека најркиминалните приватизации беа од 1998 до  2002 година,рече Цврнковски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за идејата на Црвенковски: Во негово време беше неостварливо да бидеме членка на НАТО и да преговараме со ЕУ

A1on

Иницијатива на Бранко Црвенковски: Пристап до фондовите на ЕУ и излез на заедничкиот пазар додека траат преговорите со Брисел

A1on

Црвенковски: Недозволиво е да немаме амбасадор во Вашинтон и да ни ги одбиваат предлозите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Црвенковски: Апсурдна е тезата „за идентитетот не преговараме, а за историја ќе се договараме“

Ана Ололовска

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

А1он

Црвенковски не ги коментира шпекулациите дека ќе формира партија

Жарко Настоски