НСДП: Груевски уште еднаш покажа дека е лидер кој ја жртвува сопствената партија за да се заштите себе

Од:

„Во моментите кога власта во Република Македонија се соочува со длабоко поткопан легитимитет, НСДП изразува крајна загриженост за начинот на кој Никола Груевски е реизбран за Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на владеачката партија да биде избран со ниту една глас против, акламативно, без дебата и против кандитати, само го рефлектира отсуството на внатрепартиска демократија во владеачка партија и авторитарниот стил во нејзиното раководење.

Во 2003 година кога за првпат Груевски беше избран за лидер на партијата, македонската јавност беше сведок на една жестока внатрепартиска борба, дискусии, спротивставени мислења, па дури и имаше и против кандидат. Нешто, што на последниот Конгрес не можеше ниту да се замисли, а камоли да се случи. Ова зборува дека под раководство на Грувски, ВМРО-ДПМНЕ политички се уназадува,  успевајќи да ја уништи внатрепарстиската демократија, борбата на различни мислења и ставови. Демократските вредности останува само дел од политичката историја на оваа десно ориентирана партија“, се вели во соопштението на НСДП.

„За НСДП сосема е јасно дека од партија која е на власт и во која внатрепартиската демократија е жртвувана за интересите на лидерот не можеме да очекуваме имплементација на демократијата во македонското општество. Притоа, срамно и политички дрско е човек без внатрепартиски легитимит е да си зема за право да понуди пет правила за политички дијалог, кога истиот дијалог тој не дозволи да заживее во неговата партија.  Морално и политички компромитирана личност не може да понуди било каков демократски формат за излез од политичата криза, ниту пак да биде партнер во политичкиот дијалог.

Груевски уште еднаш покажа дека е лидер кој ја жртвува сопствената партија за да се заштите себе и интересите на фамилијата, што зборува и за подготвеност во погоден момент да ја жртвува и државата. Во оваа насока се и најавите за кадровски промени во пониските ешалони на власта, без притоа да помисли да си поднесе оставка како нешто најдобро што може да го направи во овој момент за интересите на Македонија“, пишува во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски