Нигериските војници убија десетици цивили и им ги урнаа домовите како одмазда за смртта на шестмина војници, изјавија претставници на локалните власти и жители на областа Ваза во сојузната држава Плато, јави БТА.
Портпаролот на специјалните единици на нигериската армија изјави дека командоси учествуваат во борбите со племенската милиција, одговорна за убиството на шестмината војници и демантираа дека биле извршувани напади врз цивили.
Племенски лидер, пак, изјави на прес-конференција во Јос, главен град на Плато, дека во нападите на војниците за време на викендот се убиени 70 цивили. Тој прецизира дека биле нападнати села, во кои живееле членови на племето Тарок, чии млади членови ги убиле војниците. Меѓу жртвите имало и жени и деца.