Македонскиот мед е најквалитетен во Европа

Од:

Македонскиот мед е еден од најквалитетните производи во Македонија но и во Европа и затоа производителите треба да ја искористат компаративната предност, изјави Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски кој денеска во Битола свечено ја отвори традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ која по 15. пат се одржува во овој град.

– Треба што повеќе да се произведува еколошки односно органски мед и во таа смисла ние како Влада правиме напори за зголемување на бројот на пчелни семејства. Ако во 2005 година беа пријавени 110 пчелни семејства, денес има 14.000 пчелни семејства кои се пријавени за производство на органски мед и затоа треба да се искористи шансата за пласман на нашиот македонски мед и надвор од Република Македонја, истакна Коњановски.

На средбата со новинарите Коњановски изјави дека Владата ќе продолжи со силна поддршка на овој сектор.

– Во изминатите четири години доделивме околу 5,5 милиони евра за развојот на пчеларството со што упативме јасна порака дека и понатаму остануваме посветени и партнерски ориентирани кон производителите на мед, истакна Коњановски.

Годинава на собирот во Битола кој ќе заврши на 14 октомври учествуваат пчелари, стручни лица и гости од повеќе градови во Македонија кои на покана на пчеларското здружение „Нектар“ – Битола ќе одржат и работилница и тркалезна маса на теми поврзани со иднината на пчеларството.

Би можело да ве интересира

Велика Британија може да се соочи со недостиг на храна

Горан Наумовски

Контроли на АХВ: Казни, уништена небезбедна храна и спречен шверц на јајца

Горан Наумовски

Зголемените цени на горивото и ѓубривата поради војната ја прават храната поскапа низ целиот свет

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Можно е наскоро да го ограничиме извозот на храна

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра