Истражување: Над 80% од Французите не го сакаат Оланд за претседател

Од:

Повеќе од 80 отсто од фрацуските граѓани не го сакаат Франсоа Оланд за шеф на државата по претседателските избори, кој треба да се одржат во 2017 година, бидејќи не постигнал добри резултати на полето на економијата, покажало истражувањето на институтот ЦСА, спроведено за интернет-страницата „Атлантико“.

Истражувањето, спроведено во очи на третата годишнина од изборот на Оланд за претседател на државата, покажало дека 81 отсто од испитаните граѓани на Франција сметаат дека тој покажал негативни резултати како претседател.

Според Ив Мари Кан од институтот ЦСА, на ваквиот резултат влијаеле повеќе економски и социјални фактори, особено зголемувањето на невработеноста.

Според податоците на Евростат, невработеноста во Франција во март изнесувала 10,6 отсто, а во целата еврозона 11,3 отсто.

Анкетата на ЦСА била спроведена преку интернет, а во не учествувале 991 испитаник, постари од 18 години.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата