Приштина бара во Специјалниот суд да има и локални судии

Од:

Косовски функционери следната седмица до Брисел ќе поднесат барање во составот на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово да бидат вклучени и локални судии, пишува „Коха диторе“.

Весникот наведува дека од Брисел ќе биде побарано и да се ограничи законскиот рок на овој механизам, кој ќе се занимава со злосторствата на припадници на поранешна ОВК, пренесува Танјуг.

Косовската техничка група, со која управува министерот Хајредин Кучи го проследила извештајот и прелдогот до политичката група, составена од претседателката Атифете Јахјага, претседателот на Собранието Кадри Весели, премиерот Иса Мустафа и министерот за надворешни работи Хашим Тачи.

Оваа група ќе го предаде предлогот на делегацијата на ЕУ, која следната недела ќе ја посети Приштина за да ја разгледа последната верзија на нацрт-законот за Специјалниот суд.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица