Реакција на Јавното обвинителство на соопштението на СДСМ

Од:

Одлуката за поднесување на обвинителниот акт во предметот познат во јавноста под името „Пуч“, како и во сите други предмети, е донесена и се темели исклучиво врз основа на доказите собрани во текот на истражната постапка, а соопштението на СДСМ Јавното обвинителство го сфаќа како притисок врз судот кој треба да ја донесе конечната одлука, се вели во реакцијата на Јавното обвинителство по повод наводите во вчерашното соопштение на СДСМ за Обвинителен акт во предметот „Пуч“.

– Со инпутирањето на политички влијанија во постапувањето на јавните обвинители, со толкување на работењето на јавните обвинители според субјективните потреби на лицата против кои се води постапката, како и со правење конструкција за можна завера при донесување на одлуките во јавното обвинителство, се сака да се наметне мислење во јавноста дека надлежниот јавен обвинител во предметот „Пуч“  постапува спротивно на законските одредби, се вели во реакцијата.

Јавното обвинителство во денешното соопштение нагласува дека согласно одредбите од Законот за јавното обвинителство, обвинителите кои постапуваат по предметите се самостојни и одговорни при донесувањето на одлуките. Единствено, додава, се раководат од законските одредби, со цел сторителите на кривичните дела да бидат изведени пред лицето на правдата, а јавните обвинители кои раководат со соодветните обвинителства, како и повисоките јавни обвинители, вклучително и Јавниот обвинител на Република Македонија, немаат законски овластувања и не можат да влијаат при донесувањето на одлуките по поединечни предмети.

Јавното обвинителство истакнува, воедно, дека во целина ги демантира наводите во соопштението  на СДСМ во врска со наводно барање од надлежниот обвинител за доставување на пасошите на обвинетите за да ја замени мерката притвор со друга полесна мерка за обезбедување.

– Истовремено, надлежниот обвинител потенцира дека донесената одлука е самостојна и ги демантира сите наводи за било какви влијанија врз донесувањето на одлуката. Дотолку повеќе што јавниот обвинител Јован Илиевски кој му е непосредно претпоставен е и формално  изземен од постапувањето по овој предмет, како и по предметите поврзани со актуелните случувања, и по истите нема преземено никакви дејствија, така што, ниту тој, ниту пак повисоките јавни обвинители не се вклучени во постапувањето по споменатите предмети, се вели во реакцијата од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните