На претстојниот Меѓународен саем на книгата во Скопје, гости на Издавачката куќа „Феникс“ ќе бидат писатели од Турција и Србија.
Истакнатиот турски писател Аднан Озер ќе ја прими наградата „Златен прстен“ за книжевен опус, а ќе биде промовирана и неговата поетска книга „Мраморен остров“, во препев на стиховите од Суат Енгулу.
Ќе биде претставена и есистичката книга „Книгољубецот“ од Ерол Туфан, турски писател кој е по потекло од Македонија, а работи и живее во Истанбул, Турција.
На Саемот на книгата ќе биде промовирана и книгата „Ода за Орфеј“ од Снежана Алексиќ Станојловиќ, писателка од Нови Сад, Србија.