Наскро авионско третирање против штетникот жолтомешка

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наскоро ќе изврши авионско третирање против штетната гасеница жолтомешка која ги напаѓа дабовите шуми, најави денеска заменик министерот Ванчо Костадиновски.

– МЗШБ формираше Дијагностичко-прогнозна служба која има за цел да известува за појавата на штетници кои можат да погодат поголема површина. Се направија детални анализи при што е утврдено дека во Демирхисарскиот регион и секаде каде што има квалитетни дабови шуми има среден до јак интензитет на појава на гасеници жолтомешки кои предизвикуваат оголување на површините. Веќе е изготвен план за третирање со авиометода и наскроро ќе се отпочне со пролетното третирање, рече Костадиновски во одговор на пратеничкопрашање на денешната седница на Собранието на Република Македонија.

Прецизира дека авиотретирањето ќе биде спроведено на дабовите шуми во Демирхисарско, Крушевско, Битолско, Скопско, Ресенско,…

За боровиот четник, како штетник кој ги напаѓа боровите култури и висококвалитената борова шума, нагласи, дека е договорено да се направи длабока анализа која треба да заврши во јули или август, а третирањето да почне во септември или октомври годинава.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза