Грчките клубови Панатинаикос и Олимпијакос повторно добија парични казни од Евролигата, овој пат по четвртите дуели во четвртфиналната серија од плеј-офот.
Панатинаикос е казнет со 15 илјади евра поради користење пиротехнички средства и фрлање предмети на теренот од страна на неговите навивачи.
Од финансиски аспект многу полошо мина Олимпијакос кој во Евролигата ќе треба да уплати 97 илјади евра порадикористење пиротехнички средства и влегување на терен на неговите навивачи.
Клубот од Пиреја ќе мора и еден натпревар на домашен терен да игра без публика.