Армиски сили кои го поддржуваат јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади презедоа целосна контрола врз меѓународнито аеродром во близина на Аден.
Шеик Салем Насер ал Маркуши кој е командант на северниот фронт во провинцијата Аден, изјави дека „успеале да ги совладаат од аеродромот вооружените групи на шиитското движење Ансар Алах (Хути) и симпатизери на поранешниот претседател Али Абдула Салех“.
Тој додаде дека при жестоки борби во изминатите неколку дена крај аеродромот загинале над 35 Хути, а околу 20 биле заробени. Неговите сили – Одреди на народен отпор загубиле помалку од десет борци.