(ВИДЕО) СДСМ: Под притисок на гласање и вработените во „Кожувчанка“

Од:

СДСМ на прес конференцијата во Кавадарци објави снимка за која беше посочено дека Миле Јанакиески за време на локалните избори се информирал дали и сопственикот на познатиот бренд „Кожувчанка“, кој, како што потврдува разговорот, работи за ВМРО-ДПМНЕ, и на денот на изборите своите вработени ги „изнел“ да гласаат.

Разговор помеѓу Миле Јанакиевски и Александар Панов

МЈ: Алоо друже

АП: Повели министере

МЈ: Како е?

АП: Добро е одлично еве , се шпартаме малце Кожувчанка, со Митко

МЈ: И како е?

АП: Ами, над 40% имаме излезеност.

МЈ: Митко ги изваде ли неговите?

АП: Да , да да седиме сега тука од човек на човек одиме

МЈ: А тој маркетот?

АП: Да, да и тија некња беше на состанокот со бизнис секторот , шо ти пишав да дојдиш , и он дојди и кажа, немате гајле не се секирајте

МЈ: Александар, многу излезеност бе брат?

АП: Ами толку, сеа ќе видиш дека ќе ќе спласне негде кај 1 саат, виќе луѓето нема да испаѓат, и после и од 5 до 7, од 5 до 7 ќе има излезеност

МЈ: Ајде вардете таму

Би можело да ве интересира

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му