(ВИДЕО) Шема за гласање: До 10 часот роднини, до 12 вработени, а потоа неопределените

Од:

СДСМ од Кавадарци емитуваше разговори за кои кажа дека се помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов, градоначалник на Кавадарци воден во периодот пред локалните избори одржани во 2013 година.

-Во првиот разговор за денес, помеѓу Миле Јанакиески и Александар Панов, градоначалник на Кавадарци, се потврдува дека Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ биле координирани токму од градоначалникот. Дополнително, овој разговор го открива она што јавноста веќе го знае, дека зад партијата СДПМ целосно стои ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот разговор, помеѓу Јанакиески и Панов, јавноста ќе слушне потврда дека проблемот со долгот кон лозарите, настанат со продажбата на Винеја а поради што лозарите излегоа на протести, е сериозен. Дополнително јавноста ќе го слушне мислењето на Панов за советничката листа на неговата ВМРО-ДПМНЕ. „Не е убава“ листата, рече Зоран Ѓорѓиев, претседател на ОО СДСМ Кавадарци на прес конференцијата во Кавадарци.

Разговор помеѓу Миле Jанакиески и Александар Панов

АП: Си ме барал министре? Сте ме барале викам…

МЈ: Аха, оваа кординација со овие што ти се комитетите под тебе

АП: Да, денеска имав координација

МЈ: Е па сеа еден исконтактирав, значи во сабота ќе дојди сдмм како се вика ова социјалдемокатската, СДМ да се исплакатираат градовите и поштенските сандачиња, прво…второ ќе те молам кажи ми мислење, значи до девет часот да излезат на гласање сите што се претседатели на месни комитети и раковотство до девет

АП: Да, да

МЈ: Од девет до десет да бараат фамилии, најблиски роднини, и од десет до дванаесет вработените и од дванаесет неопределените.

АП: Да, да го знаиме тоа како и минатите избори така ќе биде цел систем

МЈ: Само кажи ми уште еднаш

АП : Да, да

МЈ: И нека си направат посебни шеми што ќе ти ги дадат.

АП: Да, да ок министре, ајде.

Разговор помеѓу Миле Jанакиески и Александар Панов

МЈ: Ало

АП: Ало

МЈ: Е?

АП: Еве сум..

МЈ: Каде е блокиран патот Велес

АП: Росоман е блокиран патот..

МЈ: Росоман е патот блокиран

АП: И више наваки преку Неготино фаќј

МЈ: Преку Неготино вика Александар да одиме

АП: Да, да

МЈ: А кој го блокира патот?

АП: Лозарите, лозарите…нели Винеја се продади, арно ама денеска му се донеси одлука од судот за поништување на таа одлука, така да..

МЈ: За која одлука ?

АП: Одлука за продажба на Винеја винаријата

МЈ: А зошто се бунеа?

АП: Па се бунат затоа шо а продадоа под цена и со тоа нема пари да го намират они…лозарите да бидат намирени, 600 илијади евра се кусо

МЈ: А сега кој чоек го..

АП: Па сега обеќа овој газдата дека он ќе си ја…ќе земе кредит и ќе си ја врате повторно назад Винеја и ќе ги признае обврските

МЈ: Тоа шанси нема

АП: Па сеа ете го чекат газдата, тоа е работа

МЈ: Од Кај е?

АП: Го чекат газдата на Винеја да дојде

МЈ: Кој е тој бе?

АП: Од Велес..од незнам каде е, мислам од Велес е по родум

МЈ: Кажи ми сега, ме интересира кај е блокирано, знаеш?

АП: Росоман ааа клучката

МЈ: Кај е блокиран

АП: На бензинската пумпа тука каа се врте на ки Кавадарци

МЈ: Кај е блокирано Александар ?

АП: Таму е блокирано…бензинската пумпа на Росоман

МЈ: Бензинската пумпа кај Росоман, кај клучката

АП: Накај Кавадарци кај шо се врте

МЈ: Накај Кавадарци

АП: Не, не…само преку Неготино продолжите

МЈ: Добро

АП: Е така

МЈ: Чекај сега..ааа…одам на Општински комитет..

АП: Идам и јас таму

МЈ: Како стои сега, реално кажи ми

АП: Да

МЈ: Како е реално кажи

АП: Не е убаво ништо

МЈ: Е кажи ми

АП: Не е убаво…унија на жени не е застапена, унијата на млади сили…не знајме кое место ќе и го дадат, претседателот на советот..

МЈ: Претседател на советот му дале

АП: Му дале 10-то место..

МЈ:Кој е претседател на совет?

АП: Тренчев Илија

МЈ: Немам многу симпатии кон него

АП: Како?

МЈ: Немам многу симпатии кон него

АП: Не, не ок е тоа, меѓутоа виа шо ги наместија ептен за никаде се

МЈ: Ти кога би правел листа, кого би го ставил на црна листа?

АП: Па незнам, носител..можеби претседателот на унија на млади сили

МЈ: Кој е тој?

АП: Слободан Ивановски од заменик градоначалник ми е мене и претседател на унија на млади сили

МЈ: Кај е тој сега?

АП: Влече младина..

МЈ: Аха

АП: Има и Перо Бојков е добар ама он несакаше човекот, он самиот одбива

МЈ: Зошто не сака бе?

АП:Не сака стар е, он е шеесет и пет-шест години

МЈ: А оти да не сака?

АП: Па не сака..така он човекот е повеќе стручњак отколку шо е политичар

МЈ: Да напраам список?

АП: Незнам дали и сеа ќе дојде на состанокот, незнам..

МЈ: Ако не дојде на состанокот ќе му се јавам

АП: Добро..

МЈ: А бе за Зоран Јованчев што мислиш?

АП: А бе и он е некое трето решение виче ако неможат виа друзите

МЈ: Толку…

АП: Никако он четири ипол илјади гласа фана како кандидат за градоначалник…ќе биде сеа на сител

МЈ: А кога беше..

АП: Па беше, пред мене беше со Панчо Минов беше кандидат за градоначалник…нема човекот сеа знаиш како…неможиш ти да испадниш у кампања и да му се смеиш на луѓето сеа…а пред тоа на никој здраво не му викаш

МЈ: Кажи ми уште нешто забелешка сеа кажи ми

АП: Забелешка па незнам сеа…таму, таму има луѓе кои шо е таа шо е секретар шо му беше порано на вмро народна Паламинова…нема никаов, нема ништо у партијата, никаков придонес и ја стават у листата

МЈ: Која е таа?

АП: Паламидова Ленча

МЈ: Да не придонела во народна да ги одвлечи

АП: Ами таа а барат и Горица а барат и сеа таа си ја местат

МЈ: А зошто е тоа, шо е работа?

АП: Е шо е, незнам јас шо е сеа…не ја бива, месните комитети

МЈ: А која ти е тебе таа роднина…

АП: Која роднина?

MJ: Унија на жени да не ти е некоја роднина?

АП: А бе никаква роднина, каква роднина..немам ниедна роднина таму.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски