Тинејџер денеска е извлечен жив од под урнатините во непалскиот главен град Катманду, пет дена откако земјата ја погоди катастрофален земјотрес.
Екипа на американски спасувачи работеше на местото цела ноќ со цел да го извеле момчето.
Извлекувањето на 15-годишното момче од под урнатините беше поздравено со силен аплауз од насобраните луѓе. Тој со носилка е пренесен во болница.
Лидерот на спасувачката екипа Ендру Олвера изјави дека тинејџерот не бил заробен на голема длабочина, но бил блокиран меѓу двата урнати ката на неговиот дом.
Според Министерство за внатрешни работи на Непал во разорниот земјотрес со интензитет од 7,9 степени според Рихтеровата скала што во саботата го погоди Непал животот го загубиле 5.057 лица, додека најмалку 10.000 се повредени.