Стартува западниот дел од Свети Климентовиот универзитет, ќе се градат 23 објекти на Плаошник

Од:

По две годишен застој, за десеттина дена конечно ќе стартуваат градежните работи за изградба на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник во Охрид. Градежните работи ќе ги изведуваат две домашни компании Митан пром од Охрид и МЗТ инжинеринг од Битола.

Проектот предвидува на целиот простор каде изминативе години се вршеа археолошки ископувања, да никнат 23 објекти. Тука треба да бидат сместени конзерваторска школа, музеј со археолошки наоди, библиотека со околу 100.000 наслови, галеријата со икони, Македонскиот институт за хуманистички науки, филијали на неколку светски универзитети, Теолошкиот факултет како и неколку други објекти.

Според првичните предвидувања Светиклиментовиот универзитет на Плаошник требаше да се изгради до 2014 година, но овој рок најверојатно ќе биде пробиен. Директорот на Управата за културно и историско наследство Паско Кузман за А1 кажа дека комплексот ќе се гради во две фази.
„ Најпрво ќе се гради западниот дел од комплексот, односно просторот западно од црквата. Во тој дел ќе никнат музејот,библиотеката и македонскиот центар за хуманистички науки. Во меѓу време ќе се распише тендерот за избор на фирми кои ќе го градат останатиот дел од комплексот, за да не губиме време и со тие процедури“ рече Кузман за А1.
Кузман не беше сигурен дека целиот комплекс ќе биде готов до 2014 година. Кажа дека изгубиле време од 2 години, поради поништувањето на претходниот тендер кој го доби Конструктор инженеринг. Но, Управата за заштита на културното наследство го раскина договорот бидејќи изведувачот, не доставил банкарска гаранција во договорениот рок, и не постапувал според забелешките тврдеа од управата.
Овој проект кај дел од стручната јавност наиде на негодувања. За дел од архитектите не само во градот туку и пошироко , со неговата изградба ќе се задуши целиот простор.

Предмет на реакција беше и големината на објектите кои треба овде да се иградат, а меѓусебни негодувања околу висината на комунилаиите и нивната исплата се појави и помеѓу локалната и централната власт. Неофицијално целиот проект ќе чини околу 18 милиони евра.
Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on