„Тиквеш“ најавува 20 отсто поголем откуп на грозје

Од:

Винарската визба „Тиквеш“ годинава планира да откупи поголема количина грозје. Како што најави генералниот директор Игор Илиевски, иако е се уште рано да се даваат какви било проценки за бербата, предвидено е, согласно постигнатите резултати, да бидат откупени 20 проценти повеќе од лани.

– Минатата година ја завршивме со 18 милиони килограми грозје, а за оваа плановите се откуп на 22 милиони килограми. Се уште е рано да се оценува каква ќе биде бербата, но, според состојбите на терен и редовните средби со кооперантите, почетоците се добри, изјави Илиевски на средба со новинарите кои имаа можност да ја видат најновата инвестиција на „Тиквеш“ вредна околу 1,5 милинои евра.

Ланското грозје, напомена директорот, ќе биде исплатено заклучно со денеска, во рамки на законски утврдениот рок.

Визбата продолжува со континуирано вложување во технологија и луѓе со цел осовременување на производните капацитети и продукција на висококвалитетни вина. Исправноста на ваквата стратегија што ја има зацртано менаџерскиот тим, ја потврдуваат бројните награди.

– Винотот „Домен Лепово Пино Ноар“ од бербата 2013 освои златен медал на „Мундус Вини“, најголемиот вински натпревар во Германија. Истовремено, ова вино кое деновиве се најде на винските карти на престижните ресторани и трговските објекти, е прогласено за најдобро на натпреварот со потекло од Македонија. Ваквиот успех не значи промоција само на вината на „Тиквеш“, туку и на македонските вина воопшто, во светски рамки, рече Иливески.

На „Мундус Вини“ награда (сребро) доби уште едно вино на „Тиквеш“ -„Домен Лепово Шардоне“ 2014. Ова вино од бербата 2013 е наградено со сребрен медал и на годинашниот натпревар „Шардоне Д Монд“ во Франција.

– Лани, и покрај тешката берба, со „Домен Лепово Шардоне“ успеавме да добиеме сребрен медал што покажа дека Македонија може да се носи со конуренцијата на вината од регионот и француските вина, потенцира Илиевски.

Одговорајќи на новинарски прашања, директорот посочи дека Македонија во споредба со некои познати светски вински региони, има одлични предуслови за производство на органски вина.

Во однос на бизнис плановите, „Тиквеш“, меѓу другото, размислува и за откуп на „Бадел“. Условите веќе се скенираат.

– Ја земаме предвид секоја можност за соработка со компании од регинот каде што би можеле максимално да го експлоатираме потенцијалот. Во случајот со „Бадел“, синергијата и компатибилноста се неспорни, особено од аспект на производството и продажбата, напомена директорот Илиевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје