Во современите услови на живеење УНЕСКО и е неопходна на меѓународната заедница,изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој пристигна во Париз за свеченостите по повод 70-годишнината од основањето на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, пренесе ТАСС.
-УНЕСКО секогаш ги заштитува слободата на мислење, културата и образованието. Денеска, меѓутоа, тие се под закана од екстремистите, кои се почесто се стремат да го разурнат светското културно наследство. Точно сега светот има потреба од УНЕСКО, рече Бан Ки-мун.
Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, изјави дека со сите сили ќе работи на спроведувањето на меѓукултурен дијалог, на почитување на правата на човекот и почитување на човековото достоинство.
УНЕСКО е формирана во 1945 година да работи на мирот и еднаквоста низ светот. Денеска организацијата опфаќа 195 земји и девет асоцирани членки.
Во 1972 година УНЕСКО усвои Конвенција за зачувување на светското културно и природно наследство. Земјите кои го потпишаа документот презедоа задача гружливо да ги чуваатнационалните споменици.
На списокот на УНЕСКО на светското културно-историско и природно наследство се влезени над 1.000 објект.