Трилатералка на лидерите на Кипар, Египет и Грција во Никозија

Од:

Претседателите на Република Кипар и на Египет, Никос Анастасиадис и Абдул Фатах ас Сиси, како и премиерот на Грција, Алексис Ципрас, денеска на средба во Никозија ќе ги разгледаат можностите за натамошно кревање на повисоко ниво на односите меѓу трите држави во економската, политичката, енергетската и дипломатската сфера, информираат весниците во Никозија.

Се очекува тројцата лидери да усогласат заедничка декларација.

Разговорите ќе ги зафатат прашањата поврзани со делимитирањето на посебната економска зона меѓу трите држави, и безбедноста во источното Средоземје.

Средбата се очекува повторно да го привлече меѓународниот интерес, бидејќи е уникатна по својот карактер како дипломатска иницијатива за дијалог и соработка во регионот на Средоземното Море.

Многумина сметаат дека таа е вовед во новата политика на дијалог за проблемите на безбедноста во еден регион на нестабилност, коментираат аналитичарите.

Трилатерланата средба е продолжение на преходната средба на тројцата лидери, што се оддржа во ноември 2014 година во Каиро, на која Грција ја претставуваше тогашниот премиер Андонис Самарас.

Во тогаш усвоената декларација трите земји ги поставија темелите за засилување на меѓусебните односи, а истакнаа дека нивната иницијатива е отворена за учество и на други држави. 

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ