Наградниот фонд на тенискиот Грен слем во Вимблдон оваа година е зголемен за осум отсто. Како што соопштија организаторите на наофицијалното светско првенство во тенис, вкупниот награден фонд на Вимблдон ќе изнесува 26,75 милиони фунти, што преставува зголемување за осум отсто во однос на минатата година.
Победниците во машкиот и женскиот сингл ќе заработат по 1,88 милиони фунти.
Минатата сезона Новак Ѓоковиќ и Петра Квитова освоија заработија по 1,76 милиони фунти.
Грен слемот во Вимблдон оваа сезона ќе се игра од 29.јуни 12.јули.