Лидерот на СДСМ објави разговор помеѓу како што рече Гордана Јанкулоска и Иво Котевски каде според него се слушна најдиректно признание од Гордана Јанкулоска, дека со опремата во МВР може да се лоцира кој сакаат телефонски број.
Ова Јанкулоска му го признава на портпаролот Котевски, кој нарачува кај неговата шефица едно такво следење, а го потврдува и Сашо Мијалков во неговото договарање со сопственикот на Канал 5 телевизија, Емил Стојменов, рече Заев.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Иво Котевски
ГЈ: Да. Ало?
ИК: Ееј, ги гледам нашиве на Канал 5, алфите како ги снимале. Мислам, Канал 5 како ги снимале алфите. Еклсузивно видео од апсењето на Љубе.
ГЈ: Не сум гледала.
ИК: Јако е. Него, сакав да прашам нешто сеа. Мене ме замоли Васе, овој Доневски, нејќе да досаѓа, а не е ништо посебно. Него, не знам, нашиве проверуваат ли она да лоцираат телефони, имаат таква можност? Имаат ваљда.
ГЈ: Техничка мислиш, или што е работата?
ИК: Па ваљда преку Мобимак. А бе, не му се досаѓа на него, пошто за телефонот од ќерка му…
ГЈ: Што е работата Иво, кажи ми пократко.
ИК: Му украле на ќерка му ајфон, па затоа…
ГЈ: Нека пријави, ќе го лоцираме.
ИК: Не, он пријавил, него ми пушташе и број дал може да го лоцираме.
ГЈ: Може да го лоцираме, ќе го лоцираме.
ИК: На кого да му го препратам?
ГЈ: Ако е уклучен. На Горан јави му се од УБК.
ИК: Готово. Ајде, чао.
ГЈ: Ајде, ајде, чао.
Разговор помеѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков
СМ: Кажи ми ти, се виде со брат ти?
ЕМ: Да, да, да, да.
СМ: И?
ЕМ: Да, сега проверуваме. Веќе имаме сумља на тој еден што би можело да го прави сето тоа.
СМ: Значи не е упознат со оваа работа?
ЕМ: Не, не, не. Нема појма, ништ не знае апсолутно. Паднат е у несвест.
СМ: Добро. Него види, како сега тоа да се канализира, уствари тој да не дознае сега, значи.
ЕМ: Нема, нема.
СМ: А кога ќе дојдат овие, да бидат упатени на правото место.
ЕМ: Е па тоа. Сега знаеш што, правото место за да го најдеме, ако кажеме само тоа е местото и ако кажеме одете само таму да не посумљаат, ме разбираш. Пошто…
СМ: Како?
ЕМ: Викам, ако е местото таму какво што е. И во самото тоа место има некоја просторија, така. Ако кажеме дека само таа просторија е слобдона, да не посумља некој. Треба да кажеме точно во која просторија и како би било тоа. И до вечер ќе ги дознаеме смените, ќе ги видиме и листите, ќе дознаеме све. И утре има, тој што го сумљаме дека ги прави тие работи, на втора смена утре, од 8 саат. И од 8 саат ќе има нешто празно, и сега да направиме тука намештаљка.
СМ: Аха.
ЕМ: Разбираш?
СМ: Добро.
ЕМ: Ама ќе ти се јавам јас, да дадеш некои со кој-како…
СМ: Што значи вие сега не му викате, да му ја скинете главата има време, да му ја скинете за некој ден.
ЕМ: Не бе не, тој не е битен. Тој ќе го утепаме на крај.
СМ: На крај, тоа е лесна работа.
ЕМ: Битно е ова што го зборевме. Да, тоа е лесна работа. Тој не ни е на нас битен.
СМ: Да.
ЕМ: Битно ни е ова, како да дознаеме…
СМ: Е па ти ако можеш, види вака. Ако се сомневаш на него, дај ми кој е тој, име и телефонски број негов.
ЕМ: Добро. Е одлично.
СМ: Сигурно имате вие тоа.
ЕМ: Да, да, да.
СМ: Е па дај ми.
ЕМ: Ќе го соберам и ќе ти пратам на СМС, добро?
СМ: Ајде, ај, прати ми.
ЕМ: Ајде. Ѕирни го ова на мејлот, молим те.
СМ: Ќе го ѕирнам. Ајде.
ЕМ: Ајде, чао.