(ВИДЕО) Псевдонимите за следење на Црвенковски, Заев, Јанакиески, Бонева

Од:

СДСМ презентира дел од доказите за тоа кој прислушувал и на каков начин, а лидерот на партијата посочи дека зад прислушувањето и следењето стојат Никола Груевски и Сашо Мијалков.

– Социјалдемократскиот сојуз, како политичка партија, располага со огромна документација, сопственост на Република Македонија, од којашто произлегува дека во Македонија се одвивала масовна операција на нелегално прислушување од гигантски размери, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Untitled

– До Јавното обвинителство, во петокот, како што информиравме, беа поднесени дел од доказите за оваа операција, дел ќе бидат поднесени во понатамошната постапка, а комплетно, `се што поседуваме, ќе биде доставено до соодветните државни органи штом се исполнат условите за разграничување на судската од извршната власт. Станува збор за аудио разговори, повеќе од 100 илјади разговори во транскрипти, повеќе од 18 илјади СМС пораки во транскрипти, повеќе од 12 илјади различни телефонски броеви, од прислушувањето што го правела власта на над 20 илјади граѓани на Република Македонија!

Материјалите што денеска ќе ги споделиме со јавноста во Македонија, ќе го потврдат она што го говориме од самиот почеток.

Податоците за нелегалното прислушување потекнуваат од постоечкиот систем за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР на Република Македонија.
Какви странски служби, какви комбиња, каква шпиунажа, или пучови!

Сашо Мијалков и Никола Груевски со години неовластено прислушувале граѓани во Република Македонија!

Еве на кои начини се воделе евиденциите од прислушувањето од страна на власта.

Еден вид на доказните материјали се изработени во EKSEL програма во материјали што потекнуваат од системот за контрола на комуникации во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР. Станува збор за материјал од над 10.000 страници. Овие докази не можат да бидат третирани како класифицирани информации, бидејки се работи за неовластено прислушување и за злоупотреба на опремата за следење на комункации за лични и партиски цели.

Постојат два вида евиденции во EKSEL.

Можете да видите на Видео бимот, во овие EKSEL табели е водена евиденција на следените и прислушуваните лица според нивните телефонски броеви. Во документите овие лица се водени под определна шифра. Наведени се нивните телефонски броеви. Наведени се имињата на операторите задолжени за следење на комуникацијата, внимавајте, станува збор за вработени во МВР! Секако тоа не можеме да го објавиме поради заштита на нивниот идентитет, но е доставено до Јавното обвинителство. Лицата што се следени се водени под псевдоними.

На пример, претседателот на СДСМ, јас, сум воден под псевдонимот DS ZEKO.
Поранешниот претседател на државата и поранешен претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски е воден под псевдонимот KRST.

Најверниот извршител на валканите, криминални активности на Никола Груевски, Миле Јанакиески е воден под псевдонимот ТUTIN.

Послушничката на Груевски во Парламентот, Силвана Болена е водена под псевдоним BOSIL.
Најголемиот полтрон на Груевски во медиумскиот простор, главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган

Павловиќ Латас е воден под псевдонимот ТALAS.

Владо Бучковски е воден под псевдонимот NDS BUVA.

Овде ќе препознаете и други личности од раководството на опозицијата, од политичкиот и јавниот живот.
Во овие табели постои и графа Опис, во којашто, како што може да се види, главно се наведени адреси.
Ќе ви поделиме примероци од ова што презентираме.

Постои и друг вид евидентирање во EKSEL. Тука, како што можете да видите на Видео бимот, се наведени лицата кои се таргет на УБК и на Груевски, преку шифрите според коишто ги води УБК, како и транскрипти од нивните прислушувани разговори, во ЕKSEL табели. Аудио снимките од нелегално прислушуваните разговори биле преточувани во симнат пишан материјал – транскрипти. Гледате дека во изборот за денешната прес конференција во едниот дел од доказите преку ексел табели издвоивме докази за следење на албански политичари и личности од јавниот живот, а во другиот ексел се издвоени политичари од македонскиот политички живот и други личности од јавниот живот.

Другиот вид доказен материјал се докази од фазата на репродукција од системот за следење на комуникации при УБК на МВР. Станува збор за доказен материјал на вкупно 1595 страници. Фазата на репродукција од системот за следење на комуникациите опфаќа формулирање транскрипти од аудио снимки. Овие материјали докажуваат класична злоупотреба на системот за следење на комуникации, што постои во УБК, со цел следење на комуникациите на опозицијата и критички настроената јавност.

Ќе можете да погледнете примери од овие транскрипти, кадешто детално се опишани телефонски разговори на таргетираните лица од страна на УБК и анализи на разоворите што ги водат.
Станува збор за незаконско следење од страна на власта, со години, на опозицијата, на критичката јавност, невладини организации, граѓански здруженија, поединци, но и академската заедница, верските заедници… како што веќе информиравме.

Третиот вид докази се околу 400-тини аудио записи, веќе објавени на прес конференциите. Од овие материјали може да се утврди дека се следени и прислушувани лица чии комуникации никогаш не биле предмет на законско следење, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски