Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во шведскиот град Карлскруне. Тој во првото коло го победи Британецот Ендрју Битлес со 7:6 (7:5) и 6:2.
По изедначениот прв сет, Јотовски во вториот успеа да одземе два гема повеќе на сервис на противникот и да стигне до триумф и пласман во следното коло каде ќе игра со домашниот тенисер Џонатан Мрида.
Јотовски на турнирот настапува како втор носител, а денеска ќе игра и меч од првото коло во конкуренција на двојки.