Филе: Нема нови услови за Србија

Од:

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе се сретна со српскиот премиер Ивица Дачиќ за да му ги претстави деталите на извештајот на Европската Комисија за напредокот на евроинтеграциите на Србија. Дачиќ по средбата кажа дека Белград е подготвен за политички и технички дијалог со Приштина, но и дека Србија не може да прифати услови кои значат признавање на независноста на Косово.

„Комесарот Филе ми го пренесе ставот дека нема нови услови за продолжување на дијалогот и доколку Србија учествува во него, тогаш тој би бил статусно неутрален“, изјави Дачиќ.

„Одогворот од Филе е дека нема нови услови кога станува збор за условите на Европкскиот совет каде што стои дека е потребно видливо и одржливо унапредување на односите на Белград и Приштина и за нас тоа е спорно. За нас беше спорна реченицата за територијалниот интегритет на Косово имајќи во предвид дека тоа може да води кон заклучок дека можеби постојат нови услови“, рече Дачиќ.

Тој објасни дека доколку се разговорите статусно неутрални и без нови условувања што денеска го потврди и Филе, тогаш Србија е подготвена за продолжување на дијалогот со Приштина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија