Кошаркарските суперлигаши вечерва ќе ги одиграат натпреварите од четвртото коло.
Дебито се игра во салата „Градски парк“ во Скопје каде Работнички го пречекува тимот на Куманово, екипи кои во текот на викендот постигнаа победи во двата одложени дуела од второ коло. Почетокот на дуелот е во 19 часот.
Во СЦ „Јане Сандански“ од 18 часот првакот МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Карпош Соколи, додека во Кавадарци Фени Индустри ја пречекува екипата на Кожув. Дуелот во Кавадарци ќе стартува во 19 часот.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 33 бодови, Работнички 32, Куманово 31, Фени Индустри 31, Карпош Соколи 31, Кожув 28.