Новинарите работат во најсмртоносниот и најопасен период за нивната професија

Од:

Екстремистичките групи и влади кои ја ограничуваат слободата во борбата против екстремизмот го создадоа „најсмртоносниот и најопасен период за новинарите во поновата историја“, се наведува во најновиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите (CPJ).

Во годишниот извештај за слободата на печатот на њујоршкиот комитет Сирија се потенцира како многу опасно место за известување, се нагласува цензурата во текот на епидемијата на ебола, како и притворањата на новинарите во Египет и Етиопија, но и фактот дека во минатата година новинарите се користени во екстремистички пропагандни филмови, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).

„Овие организации не произведуваат само видео снимки. Тие се однесуваат како конкуренти на медиумите“, предупредува извештајот на групите како Исламска држава.

Извештајот, исто така, укажува на неподелената опасност што ја прават се поголемиот број  слободни новинара кои ги следат и известуваат од војните речиси без никаква заштита или плата.

-Не се во прашање само животите на новинарите туку и можноста јавноста да дознае што околу нив се случува, напиша дописничката на Си-Ен-Ен Кристина Аманпур.

Таа наведе дека од 1992 година во светот се убиени повеќе од 1.000 новинари, а тоа е годината кога Комитетот за заштита на новинарите почна да ја води својата евиденција. Многумина од нив биле слободни или локални новинари.

Исламска држава во голема мерка го изгради своето име со драматичните видео снимки на отсекување глави и други убиства, но во извештајот се предупредува дека и други групи во светот користат сличен пристап за малтретирање или прикажување на сопствените капацитети.

Комитетот, исто така, ја нагласува загриженоста и недостатокот на известувања за хаосот во Либија, ограничувањата за интернетот на Блискиот исток и „суптилното оружје„  (цензурата) во Сингапур, пренесе РСЕ.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on