Петар Наумовски нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија

Од:

Петар Наумоски и официјално е новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија. Тој е избран едногласно на Собранието што се одржа попладнево во хотелот Александар Палас во Скопје, каде беа присутни сите 28 претставници со право на одлучување.

Легендата на македонската кошарка Наумовски, на почетокот на Собранието за противник кандидат го имаше досегашниот член на УО на МКФ, Абдураим Бајрактари, кој иако беше поддржан од 10 члена, поради незапазување на процедурата се повлече од трката за претседател.

Откако стана јасно дека популарниот Пеце останува единствен кандидат за претседател тој ја доби довербата на сите 28 членови на Федерација.

Пред гласањето двајцата кандидати ја презентираа својата визија, односно програма според која во иднина треба да се движи мак-баскетот, се со цел за враќање на кошарката на вистинските патеки.

Како што нагласи новиот претседател Наумовски, главна цел во неговата програма ќе биде враќање на угледот од пред одредено време. Преку воведување на национална програма и стратегија да се зголеми грижата и едукацијата пред се на младите и идни кошаркарски генерации, кои според Наумоски веќе подолг период се оставени сами на себе, односно, подзаборавени од Федерацијата.

Новиот претседател најави и искоренување на непотизмот кој години наназад владее во одредени тела, организации кои се составен дел од МКД, но пред се во младинските селекции.

Наумоски најави дека нема да има прогледување низ прсти на клубовите, претставниците или било кој друг чинител во кошарката и дека тие кои нема да ги почитуваат правилата и актите на Федерацијата ќе бидат најстрого санкционирани, без разлика на реномето и постигнатите успеси во минатото.

Воедно, Наумоски се произнесе и по прашањето на Здружението на кошаркари, потенцирајќи дека негово размислување е дека бројот странци во мак-баскетот треба постепено да се намалува.

За реализација на оваа цел, Наумоски предложи и нов Управен одбор, во кој покрај него и Абдураим Бајрактари, ќе бидат и Илија Пенов, Сашо Босилков, Сашо Дракуловски, Тони Трајков, Даниел Воиновски, Александар Свртинов, Сречко Трајковски, Ристо Јаневски, Благоја Георгиевски – Буштур, Горан Ѓорѓиевски, Пејчо Илиев Баџо, Анатол Кутревски…..

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос