Италијанецот Серџо Скариоло ќе се врати на селекторската позиција на шпанската кошаркарска репрезентација, пишува шпанскиот весник „Марка’’.
Како што открива „Марка’’ Скариоло веќе ги договорил деталите за враќање на кормилото на „Црвената фурија’’ откако изминатиот викенд разговарал со Претседателот на кошаркарската федерација на Шпанија, Хозе Луис Сазе.
Според најавите, Скариоло, деновиве треба и официјално да потпише двегодишен договор, со кој и официјално Италијанецот ќе ја предводи Шпанија на претстојното Европско првенство во септември, како и на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро идната година, но и на Евробаскет 2017 година.
Враќањето на Скариоло на кормилото на Шпанија, според „Марка’’ би било и пресудно за „кам-бекот„ и на Пао Гасол и Хуан Карлос, кои најавија повлекување од репрезентацијата, по неуспехот на „црвената фурија’’ да се закити со медал, на минатогодишното Светско првенство, одржано токму во Шпанија.
Скариоло како селектор ја предводеше Шпанија, до два златни медали на Европските првенства 2009 и 2011 во Полска и Литванија.