Последни обиди за помилување на осудените на смрт во Индонезија

Од:

Нешто повеќе од 24 часа од планираното изведување на дессете осудени нарко дилери пред стрелачкиот вод во Индонезија, се уште постојат индикации дека индонезискиот претседател Видодо во последен момент може да ја смени одлуката и да ги помилува казнетите.

Надежта на семејствата и пријателите на осудените на смрт ја подгрева вчерашниот апел на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, а уште повеќе денешната средба меѓу Видодо и филипинскиот претседател Акино од која произлезе соопштение дека Видодо е милослив и дека уште еднаш ќе се консултира со државниот обвинител околу евентуалната одлука за егзекуцијата.

Во редот на смртта во Индонезија чекаат десет осудени нарко дилери, од кои осуммина се странци. Егзекуцијата беше планирана за февруари, но и покрај одбивањето на претседателот Јоко Видодо да потпише акт за помилување, индонезиските власти дозволија дури и невообичаени „правни лекови’’ за евентуално сменување на најстрогата казна.

Индонезија смета дека со егзекуцијата на нарко диерите ќе упати силна порака против се поголемите количества дрога што се консумираат во 250 милионската држава која има 4,5 милиони регистрирани нарко зависници. Лани, во просек, од прекумерно уживање наркотици дневно умирале по педесет, претежно млади, Индонезијци. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа