Нападнат граѓанскиот активист Славчо Димитров

Од:

Вчера попладне во Скопје бил нападнат граѓанскиот активист Славчо Димитров, извршен директор на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници.

Тој на својот Фејсбук профил пишува:

Денеска во 17 часот, на силна дневна светлина, во центарот на градот бев тенденциозно нападнат од непознато лице, очигледно дел од безличната маса на насилието што ја креира со години оваа монструозна власт.

Со сигурен чекор, насочен кон мене, громадна фигуретина, покривајќи го лицето и главата со качулка на само неколку метри движејќи се наспроти мене, ми пренесе ‘поздрав’ и ми удри силен бокс, по што избега. Жалам што не успеав да слушнам што изговори откако рече ‘те поздрави…’ бидејќи р’жеше со здивен адреналин додека ја вперуваше тупаницата во мое лице.

За среќа поминав со набиеница на вилицата и крв во устата. За жал беа загрозени и моја пријателка и пријател кои во тој момент беа со мене. За заж јасно е дека нема нити педа простор во овој град што е веќе безбеден. За жал демонстрацијата на насилието стана нивен трофеј. За жал, се зезнале ако мислат дека стравот кој ме тресеше додека црната маска ми го истрауматизира целото тело, ќе биде темел на мојата, на нашата иднина.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on