24 сата: Кога ќе видите што бараат Македонците, ќе се натажите

Од:

Големото истражување на компанијата Fixr покажа која нација што пребарува најногу на Google, поточно за кои производи најчесто бара цени. Резултатите се покажани на мапата,поединечно за секоја држава.

Идејата за ова дојде од САД, каде беше вршено првично  истражувањето  и   се добија премногу чудни резултати, па се одлучи да се прошири во Европа и на другите континенти.

Се покажа дека луѓето во Еквадор се најзаинтересирани за панамските шешири, а во Мауританија најмногу се интересирале за цената на робовите, пренесе сајтот 24 сата.

На листата на производи се најдоа и венчавки, крави, камили, дијаманти, кокаин. Во Иран најмногу се пребарувала цена за еден бубрег, додека во Ирак најчесто се пребарувала цена за автомобил.

Србите се интересирале за цени на пивото, Хрватите за цени на кафето, Романците за недвижнини, а Бугарите за проститутки.

Во Македонија и Албанија единствено најмногу прашања имало за цената на лебот, пренесува 24 сата.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза