Германската тенисерка Анжелика Кербер го освои трофејот на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето, за нешто повеќе од два часа игра, ја победи Каролина Возњацки од Данска со 2-1, по сетови 3:6; 6:1 и 7:5.
За Германката ова беше втора титула во 2015 година и вкупно петта во кариерата.
Таа на патот кон трофејот ја елиминира првата носителка, Русинката Марија Шарапова, а беше поуспешна и од Американките Алекс Глеч и Медисон Бренгл, како и од руската тенисерка Екатерина Макарова.
Турнирот во Штутгарт се играше за награден фонд од 731.000 долари, Кербер освои 100.000 долари и 470 ВТА поени.