Во манастирот „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен Палат

Од:

Во манстирот „Свети Јован Бигорски“ денеска беше осветен новоизградениот конак Источен палат и возобновениот конак Горни палат.

На свечениот чин на осветување на конаците присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

После неполни шест годни од големиот пожар во 2009 година, Бигорското светилиште на свети Јован Крстител најпосле го дочека мигот на свеченото осветување на новоизградениот конак Источен Палат, како и на возобновениот Горни Палат.

– Овие изминати пет и половина години, пожртвуваноста и големиот труд на нашиот Старец, Архимандрит Партениј и нашето монашко братство, како и помошта и поддршката од страна на нашиот благочестив народ и благоверната Влада на РМ, а пред сѐ, благословот од семилостивиот наш Спасител, Господ Исус Христос, и молитвите на Неговата Пречиста Мајка и на Неговиот славен Крстител, вродија со голем плод, велат од манастирот.

Голем број граѓани и претставници на државниот врв присуствуваа на осветувањето на одновениот дел од манастирот кој настрада во пожарот.

На корисна површина од 7600 м2, колку што зафаќаат Источен и Горни Палат, распоредени се педесетина монашки ќелии, магерницата, големата трпезарија, галеријата со икони, подрумските простории, великиот и малиот синодикон, гостинскиот архондарик, манастирската амбуланта, прекрасната книгохранителница, манастирската кула и други функционални простории…

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите