Работнички со пресврт-победа над Соколи, Куманово убедливо со Кожув

Од:

Кошаркарите на Работнички со одлична игра во последната четвртина, иако Карпош Соколи водеше во најголемиот дел од натпреварот, а во еден момент од првото полувреме и со 15 поени разлика, успеаја да направат пресврт и да стигнат до триумф од 90:84, со кој се издвојуваат сами на второто место на табелата.

Работнички на натпреварот настапи без повредениот Ивица Димчевски и суспендираниот Соколов, а најпрецизен на крајот беше Димитар Мираковски со 19 поени и 5 асистенции. Ѓорѓи Чековски додаде 17 поени, а дабл-дабл од 16 поени и 11 асистенции оствари Миљан Павковиќ.
Кај Соколи, Дариус Рајс беше најпрецизен со 20 поени, Кристофер Ворен додаде 18, а Душан Кнежевиќ беше реализатор на 17 поени.

На вториот дуел од Суперлигата одигран вчеравечер во Куманово, истоимениот домашен тим со убедливи 82:67 го победи Кожув.

По овие резултати, Работнички се искачи сам на втората позиција на табелата со бод помалку од лидерот МЗТ Скопје. Бод помалку од Работнички, пак, сега има Соколи, на делба на третото место со Куманово и Фени Индустри.

Во наредното коло што ќе се игра во вторник, Соколи гостуваат на МЗТ Скопје во уште едно градско дерби, додека Работнички повторно ќе игра дома, овој пат против Куманово.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос