СДСМ: Каков очаен пад на Никола Груевски

Од:

Од рајските Белизе, Панама, Лугано, тој веќе почнал да размислува за Папуа Нова Гвинеја. Ете ова е почетокот на крајот. Допрва ќе си го бара Груевски местото под сонцето. Само бидејки трагата на парите ќе им врати се до денар што им одзедоа на граѓаните, тој, братучед му Мијалков и неколкумина негови соработници, а и никој кој се огрешил пред правдата не успеал да избега од неа, дали ќе може да стигне Груевски до Нова Гвинеја, прашуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека колку е изгубен Никола Груевски, говори тоа што заборавил дека се претставува демохристијанин, па и Господ го стави на мајтап.

„За Никола Груевски постојат илјадници страници докази во Обвинителството, за насиство врз уставниот поредок на Република Македонија, а овој број ќе се зголемува. Овој човек, заедно со тесна група профитери околу него, планирале семејства во ендек, ставале невини луѓе во затвор, учествувале во тешки изборни криминали, окупирале судство, медиуми, институции, кршеле закони и Устав, само за пари и од пуста фрустрација по функција. И после 9 години, во говорот на Груевски во Охрид најупотребуван збор беше честичката “ќе“. Не сака да разбере Груевски дека нема иднина за него, дека е дојден крајот на неговите сурови, безобразни, криминални политики. Ни Гошинце, ни венци, ни обидите за закани за некаков “вмровски одговор“ поминуваат дури и кај членството на ВМРО-ДПМНЕ кое сфати со кого си има работа. Доказ за тоа е фактот што за време на обраќањето на Никола Груевски повторно немаше кадри од публиката, ни за “браво“ ни за “уа“, ниту некој се смееше на тоа што беше само за Груевски смешно“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски