Груевски се заканува со вмровски одговор за опозицијата

Од:

Дневната битка со овие на кои којзнае што се може да им падне на памет, ние на крај ќе ја добиеме, и тоа по истиот принцип по кој Касиус Клеј ги добиваше мечовите.

Со нокаут и тоа во ситуација во која противникот мисли дека овој само што не паднал, порача Груевски од Охрид.

– Јас сум во тоа сигурен и воопшто не е тоа прашање на дилема.Мене ми е јасно дека нашата база и нашите поддржувачи чекаат сигнал за да одговорат на сите провокации, на агресијата, заканите кои доаѓаат од опозицијата. И знам дека едвај чекаат да дадат вмроски одговор, зашто се провокативни заканите од личности кои ако го видат можниот вмровскиот одговор таков фитиљ ќе фатат, што и Папуа Нова Гвинеја ќе им се види блиску од што брзо ќе трчаат натаму. Но ние сме мудри и знаеме која ни е крајната цел. Крајна цел не ни се тие, крајната цел ни е стабилна, успешна Македонија! И за таа цел, вреди и да се истрпат овие што на глава ни се качуваат секој ден и во сопствената немоќ и фрустрации пробуваат да не испровоцираат. За Македонија вреди да се истрпи ова, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија