Груевски: Авиолиниите Охрид – Лондон и Охрид – Базел стартуваат летово

Од:

Авиолиниите од Охрид до Лондон и до Базел стартуваат летово, објави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на народниот собир во Охрид.

– Туризмот на годишно ниво со над 1 милион евра го помагаме и со субвенции за тур-операторите за привлекување странски туристи кои важат за над 15 земји од светот. Тука секако е и проектот за финансиска поддршка на евтините авиолетови со кој набрзо и Охрид ќе добие две евтини авио линии до европски метрополи. Линијата Охрид – Базел стартува летово, а во соработка со општината летово започнува и реализацијата на авио линијата Охрид – Лондон со која ќе пристигнат и многу англиски туристи, нагласи Груевски.

Тој посочи дека бројот на туристи е зголемен за повеќе од 40 проценти во изминатите осум години, а вкупното зголемување на туризмот изнесува речиси 100 проценти.

На народниот собир, Груевски истакна дека изминатите години се преземени низа мерки во насока на развој на туризмот како можноста за изградба на хотели на земјиште кое се продава по едно евро за квадрат, поволните кредитни линии за туризмот, рекламирањето на туристичкиот потенцијал во странските медиуми и субвенционирањето на тур операторите.

Во однос на уредувањето на плажите во охридско-струшкиот регион, Груевски информира дека веќе е објавен повик за уредување на 500 метарска плажа во Лагадин за која ќе бидат инвестирани 75 милиони денари и која треба да биде готова во следните неколку месеци.

– Ќе се уредува и 150 метри плажа во Дебарца, а рокот за изработка на документацијата е до крајот на јули. Во Дебарца ќе се гради и патека покрај езерото, а рокот за доставување понуди за градба е во првата половина на мај, истакна Груевски.

Како дел од мерките за развој на туризмот, Груевски го посочи и реновирањето на охридскиот аеродром за кој се инвестирани 10 милиони евра.

– Секој странец кога доаѓа во Охрид својот престој го започнува со позитивни импресии и прв позитивен впечаток, нагласи Груевски на собирот во Охрид.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција