Во разговор за кој од СДСМ беше посочено дека е помеѓу Гордана Јанкуловска и Никола Груевски се слуша признание од Гордана Јанкулоска дека поднесувањето на Законот во собранието повеќе е за, како што вели, „ефект во јавноста“.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Ало.
ГЈ: Ало, да.
НГ: Горде,
ГЈ: Да.
НГ: Овој за бранителите Влатко со Билјана го доработуваат сега.
ГЈ: Мхм.
НГ: Ќе го пуштиме.
ГЈ: Добро, јас Ви го пратив и за да видите кај све интервенирале, мислам брзо се прави…
НГ: Кај финансискиот дел, она што ние сме го прифатиле, малце ќе качиме, едно 20-30%, да, оти ЕС-ДЕ-ЕС на тоа ќе ни се нафрли знаеш.
ГЈ: Да де да, мислам тоа е.
НГ: Они ќе речат сега ќе ве оставиме да испоентирате вие, неее и… ќе не тепаат на тоа. Така да 20-30% ќе качиме, 90% законот нема да се усвои…
ГЈ: Да де да.
НГ: 10% ако се усвои, малку повеќе пари…
ГЈ: Повеќе за ефект во јавноста. Јас сега мислам, немаше време од сабајле, искрено да Ви кажам, сум ја заборавила и содржинава, ха, ха, поминаа од тогаш 4 години. Ама нели таму имаме станбено обезбедување колку им следува, и сега ми падна вака мисла на памет, можда некако со „Купи куќа, купи стан“ можевме да го врземе, ама нема толку време…
НГ: Нема време.
ГЈ: …да го размислиме, да го разработиме. Оти тогаш нам тогаш ни на крај памет не ни паѓаше дека таков проект ќе имаме.
НГ: Да де да.
ГЈ: Но како и да е, мислам тоа што политички ни е за поентирање ќе си се постигне ефектот.
НГ: Не е лошо Влатко кога ќе го спреми Влатко да ти го пушти, со Билјана кога ќе го спремат, да го видиш.
ГЈ: Важи, важи ќе се чујам јас, ќе се договориме.