(ВИДЕО) СДСМ: Патриотот Груевски лажел за Законот за бранители-бил карта за пазарење со ДУИ

Од:

Омилената маска на Груевски, маската на наводниот патриотизам, е веќе симната. Денеска уште еднаш ќе го потврдиме лажниот патритизам на Никола Груевски. Денеска јавноста ќе ја дознае Вистината за Законот за бранителите.

Се сеќавате дека ВМРО-ДПМНЕ глумеше наводна загриженост за бранителите кога го поднесе законот во Собранието. Се сеќавате дека негираа дека имаат договор со ДУИ. Епа се било лага.

Денеска јавноста ќе ја дознае вистината дека поднесувањето на Законот за бранителите е уште една измама, уште една голема лага на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе ја слушнете вистината за оваа смислена игра, лично од Никола Груевски. За Никола Груевски бранителите, луѓето што беа подготвени животите да ги дадат за оваа земја, немаат никакво значење. За Груевски тие се само карта во неговите раце, за да може да се пазари со ДУИ, кога ќе му затреба.

Од разговорот на Никола Груевски и Силвана Бонева, лично од устата на Груевски ќе слушнете дека пред легнување му текнало една идеја, дури биле скарани со ДУИ да го пуштат Законот за бранители во собраниска процедура. Ќе слушнете како Груевски ја смислил целата манипулација законот воопшто да не се донесе и да се чува за пазарење со ДУИ.

„Ќе го паркираме и ќе чекаме момент кога ќе им треба на нив некоја битна работа“ вели Груевски.

Разговор помеѓу Силвана Бонева и Никола Груевски

НГ: Силвана!
СБ: Ало, повелете Претседателе.
НГ: А бе синоќа ја, на Извршен не ми текна, ама после вечерта кога си легнав ми текна една идеја.
СБ: Да.
НГ: Сега дур сме ние скарани со овие, со ДУИ…
СБ: Мхм.
НГ: Да си го пуштиме денес Законот за бранителите у Парламент, пратеничката група. Аааа…секој ќе не разбере, таква е ситуацијата. Они многу ни го повредија достоинството на Македонците, на бранителите и така натаму. А…
СБ: Да не ни…в ред, в ред.
НГ: Ќе дојде до гласање, ќе го паркираме. И ќе чекаме момент кога ќе им треба на нив некоја битна работа, која што и така и така ќе треба да ја исполниме и тогаш ова. Ќе речеме: добро, ама вие, тоа да речеме после година-две, изгласајте ни го ова.
СБ: Мхм. А они што ќе пуштат овој, закон за…
НГ: У старт ќе им го одбиеме, у старт.
СБ: Ќе го фрлиме право.
НГ: У старт гласање против, без многу расправа гласање против. Без многу да се плукаме…
СБ: Не, в ред, да…
НГ: Пратеничката група нема да го поддржи овој закон, бам-бам и у старт. Они ќе го пуштат, ние ќе си гласаме против.
СБ: В ред е за Законот за бранителите, само да не ни се закочат у моментот ни се тие што треба да преговараме за нив. Оти ептен ќе стане…
НГ: Нема да се закочат.
СБ: Нема да се закочат?
НГ: Од понеделник ќе се смируваме.
СБ: Од понеделник ќе се смируваме, така ли?
НГ: Ќе се смируваме од понеделник.
СБ: Е тогај…
НГ: Вторник, среда, четврток негде ќе дојде Али, зошто, како, вака, така…
СБ: Аха.
НГ: …крив е оној, овој, знаеш како иде тоа.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски