(ВИДЕО) Диво племе се, Индијанци

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се пазареле со ДУИ за вработувањата, при што јавноста ќе го слушне лицемерието на соработниците на Никола Груевски и кон нивниот коалиционен партнер и кон граѓаните Албанци генерално.

Гордана Јанкулоска во разговор со Сашо Мијалков, Албанците од нивниот коалиционен партнер ДУИ, ги нарекува со погрдни зборови, рекод од СДСМ.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Аво, аво
СМ: Горде, што праиш?
ГЈ: Добро, еве, си работам. Ти шу праиш?
СМ: Шо се тие проблеми од сабајле бе?
ГЈ: А бе, ги решивме конечно. Индијанци, шо се. Што да ти кажувам. Индијанци.
СМ: Индијанци, а. Мене ме бараа уште во 9 сабајле.
ГЈ: Па, за тоа те бараа, ама ја знаеш, синоќа ми се јави мене Муса. Значи, да не знаат како треба, ќе речеш ок, наш пропуст е. И му кажав. Викам, Муса, по закон, за таква работа мора да има заклучок или одлука на Влада. У конкретниов случај треба заклучок. Оти викам, еве, Србите доаѓаа на Зебрењак, имаше заклучок на Влада. Бугарите транзитираат за во Тирана…
СМ: А, што ги кошта да се запази процедурата?
ГЈ: А, диво племе бе Сашо. И после, ајде, се најде…Ја викам, не можам да ги пуштам, знаеш, од кај ги знам бе. Утре ќе отидат у Слупчане, таму венци, ова, она, ќе речат, чекајте бе, како влезе војскава, плус, не знам, ќе му речеш нека влезе еден, ќе влезат десет души, знаеш. Со нив никогаш не си на чисто. Во целава ситуација може тензија да се направи. Ко да пропаднал у земја. Сабајле, пак почнаа да досаѓаат.
СМ: Јас зборев со него вчеа у 12 и пол ноќеска. Шо не ми кажа он.
ГЈ: И не ти кажа?
СМ: У 12 и пол ноќеска, 20 до 1 беше.
ГЈ: Е, а јас зборев со него пред 10. Тогаш се прибрав дома, и он ми зазвони и одма му се јавив. И му објаснив како е, не, не, и сабајле пак му објаснив. Викам, луѓе не може вака. Не може некој си Селвер таму да ни праќа писмо на МВР, пуштете ги тие и тие. Од кај знам кој е Селвер.
СМ: Од кај е тој?
ГЈ: Од кај знам, некој од Министерство за одбрана. Значи, ако веќе некој стои зад тоа, треба да е началник на Генералштаб…
СМ: Од нашето Министерство?
ГЈ: Не, не, од нивното, од Одбрана. Знаеш, треба овластено лице да потпише, не може Селвер или Кенан, или не знам кој.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски