СДСМ објави снимки за кои посочи дека се помеѓу Влатко Чингоски и Сашо Аќимовски, пратеник и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Првиот разговор целосно ги разобличува злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ на државните институции во Гостивар.
Ќе слушнете како дури и ангажирањето на волонтери во државните институции се прави со пазар помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Ќе слушнете дека и за волонтирање во институциите е потребна согласност од партиската кадровска комисија на ВМРО-ДПМНЕ, рекоа од СДСМ.
Аќимовски се жали што на списокот за примени волонтери во подрачните единици на ЕЛЕМ во Гостивар има повеќе Албанци од Македонци и дека тоа ќе биде пропаст за градот. Чингоски признава дека било договорено со ДУИ од 150 луѓе 28 да бидат од ДУИ. На крајот од разговорот, Чингоски го открива вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе слушнете уште една потврда дека ангажманот на волонтерите е само во предизборниот период и дека всушност никој нема да биде вработен, посочија од СДСМ.
Разговор помеѓу Сашо Акимоски и Владо Чингоски
СА: Aло?
ВЧ: Саше.
СА: Молим директоре.
ВЧ: А бе Саше, видете вака сега. Значи вашите неажурности немој на мене да ги…——-. Јас постапив онака како што ми беше кажано од генералниот секретар. Собери ги сите пријавени, достави ги до кадровска, Стојче ќе си ја заврши работата, ќе ти даде пречистен текст кои да влезат. Јас тоа го направив. Не може сега…
СА: Ама како може Стојче без нас да не праша таму кој…
ВЧ: Тоа не знам јас. Јас тоа не знам. Јас од Стојче добив официјален документ во кој што пишува: тие што се со зелено се наши членови и тие треба, по можност да влезат. Таму кај што немаме бележано изберете вие по, да речам, по квалитет, по оценки што имаат и ставете ги.
СА: Ама директоре вака, јас му реков на Стојче треба да ни дадат кои се наши, кои се од ДУИ, ние не можеме да решаваме. Зошто едно е да се решава во Кавадарци, друго е да се решава во Гостивар.
ВЧ: Тоа што е со ДУИ, јас ќе го решавам. Значи јас знам колку места тие можат да добијат и колку они…
СА: Ама ние не знаеме кои се наши места, како да дадам име. На пример, електроинжењер еден, и ако е од ДУИ како да дадам јас име?
ВЧ: Ама немат од ДУИ. Они што ќе дадат ќе видам јас, ќе ги ставам таму кај што можам да ги ставам, нема што да им дадам нив електроинжењери. Електроинжењери си имаме ставено наши, Филип е ставен ако те интресира точно, Тодоровски.
СА: Ама не…
ВЧ: Од кај вас.
СА: Добро тој Филип Тодоровски, меѓутоа другите имиња, хаос ќе биде во комитетот. Јас еве, значи…
ВЧ: Е па тоа е твој предлог, не е мој.
СА: Ама не, не. Јас не сум го направил, јас немам ниедно име…
ВЧ: Два месеци е конкурсот. Ама два месеци е Саше конкурсот за волонтери, тебе денеска ти текна да прашаш? Кога стигна списокот во Гостивар?
СА: Ама, јас не Ве онадам Вас него тие што Ви дале. Не може, ние немаме дадено ни едно име и сега…
ВЧ: Ама јас како можам да работам? Може да работам врз основа на информации. Информациите се дадени до сите подружници, до сите директори. Од сите се добиени назад повратни…
СА: Мхм.
ВЧ: Мислам од општинските комитети, пардон, не директори, него општинските комитети, врз основа на нив направивме избори. Јас си викнав комисија од 7 члена, како магари им дадовме таа комисија да го потпишат готовиот список, и сега јас да ги враќам назад!?
СА: Директоре ова мора да се сопре во Гостивар, значи нема шанси да пројде…
ВЧ Не може да се сопре. Таму е дадено, види го ти кај Александар. Ако има некој сериозне проблем, ќе разговараме, ама не можам да го сопрам, како да го сопрам?
СА: Не бе, Александар не смее да потпише тоа. Како смее тоа да потпише? Јас во понеделник сега ми закажаа прием кај шефот. Нема теоретски шанси, па ја таму…да ме утепаат во Гостивар мене. Што да правам? Не мора да бидам ни претседтел…
ВЧ: Е па што не си ја заврши работата ти?
СА: Не морам ни да бидам…како јас бе директоре? Тоа Стојче го има направено…
ВЧ: Е па така фино. Ти си во Маврово…
СА: Јас!?
ВЧ: Знаеш дека има конкурс, знаеш кои се пријавени! Ќе ги направиш, ќе кажеш кој треба да помине, кој не! Кој сакаш да ти го направи тоа!?
СА: Ама директоре, мене не ми е дадено, значи за овие и овие решавај. Треба да знам за кои места, значи има таму по образование…
ВЧ: Ама што да ти дадеме? Ти си во ХЕЦ Маврово, вработен си. Знаеш дека има конкурс објавен, ќе си прашаш кои се пријавиле на тој конкурс. Списокот ќе си го земеш од горе, ќе си провериш!
СА: Не ми го даваше правничката списокот, го побаравме, вели не смеам да давам…
ВЧ: Ама која правничка!? Горе од кадровска ќе си го земиш! Јас цел список на кадровска го дадов.
СА: Никој нас, ништо не ни дава. Значи…
ВЧ: Е па сега не знам дали ви дава или не ви дава. Јас не можам да се бларима пред луѓето. Досега беше ова дадено, сега ќе ви дадам друг список. Како можам да ги натерам луѓето да потпишуваат друг список?
Разговор помеѓу Сашо Акимоски и Владо Чингоски
СА: Ало?
ВЧ: Кај си бе Саше?
СА: Еве бе директоре со Мартин, што да правиме.
ВЧ: Кај си?
СА: Со Мартин викам, што да правиме.
ВЧ: Со Мартин?
СА: Па цела ноќ расправаме за овие работи што беше, за ова..
ВЧ: Е па јас знам дека ќе се расправате. Кога не можиш да речиш дека тоа е завршена работа, ќе се расправаш. Него, мене ми треба што поскоро да ми дадеш, зошто не можам да чекам. Тоа морам да го објавам. Можат сите луѓе во исто време да дојдат.
СА: Директоре има таму…
ВЧ: На тебе се чека, ти се чекаш.
СА: Не, добро. Ама таму има сега еден проблем. Овие нашиве, никако вика, нема теоретски шанси, повеќе има Албанци од Македонци, тоа е вика пропаст за Македонците во Гостивар. И сакаат да одат кај Кире, секретарот.
ВЧ: Пропаст е зошто сте 25% таму.
СА: Ама не смееме да дозволиме, верувајте. Еве јас душа немам, со седативи сум. Цела ноќ до 2 саатот…
ВЧ: Е па не дозволувајте, тогаш нема да има избор за Маврово и готово. Вие слушајте бе луѓе! Што сакате? Преку леб, погача сакате?
СА: Директоре…
ВЧ: Тоа е вистината, тоа е вистината!
СА: Не смееме сега…
ВЧ: Таму има повеќе Албанци, него што има Македонци. И мора да има повеќе од нив. Не може да глеам Албанци во Битола и во Тиквеш, кај што нема!
СА: Ама не смееме сега пред избори, ова е…
ВЧ: Ама јас морам да клаам 30, договорени се. Кај да ги стаам? Кај да ги најдам другите?
СА: Не, мораме за 2-3 да намалиме и ќе биде добро.
ВЧ: Не можам да намалам. Не можам да намалам, тоа договорете се со ДУИ. Толку се. 28 му дадов од 150 луѓе. И веќе нема смисол. Тие бараа 40, јас ги намалив на 28.
СА: Ама ова е пропаст за Гостивар, сега пред избори.
ВЧ Нека е пропаст. Нека е пропаст. Вие не можете да прајте, не можете да прајте рејтинг врз основа на мене бе!
СА: Не, ние…не знам, значи овие сакаат да одат до кај, до кај генералниот…
ВЧ: Нека одат кај сакаат. Дај ми ти мене список, денеска до 3 саатот да имам список, да го реализирам тоа, зошто јас не можам да чекам.
СА: Ама они ми даваат список со 15 души.
ВЧ: Нема 15! Кажи му дека има 7. Нека си изберат кои 7 и нека ги дадат. И ова е волонтери бе луѓе! Што мислите бе вие, вработување ли е ова? Ниеден нема да вработам бе, ниеден нема да оди волонтер. Ќе ги стаам само Албанците, ниеден Македонец нема да помине. Јас ви кажувам. Па вие одете кај сакате!
СА: Ама…
ВЧ: Волонтери се бе овие! 4.000 денари ќе земаат, 5 месеци и после ќе си одат дома! Што мислите вие, ќе ги вработиме? Нема вработување, разберете!