Најмалку 27 лица загинаа во судирите во јужен Јемен

Од:

Најмалку 27 луѓе загинаа во денешните борби меѓу шиитските бунтовници Хути и силите лојални на претседателот Абу Раби Мансур Хади, во јужниот дел на Јемен.

Најмалку четворица приврзаници на Хади и шестмина Хути загинаа во судирите во градот Далех, северно од Аден, додека уште осум бунтовници се убиени во заседа.

Силите лојални на претседателот Хади, кој е во егзил во Саудиска Арабија, убија девет бунтовници во градот Лодер.

И во Аден има судири, а авиони на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија продолжија да бомбардираат цели на бунтовниците и покрај тоа што во вторникот најавија прекин на воената кампања.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека над илјада луѓе од кои 50 деца загинале од почетокот на судирите во Јемен. Меѓу загинатите 28 се жени, а повредени се над 4.350 лица.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида