Награда за главата на авторот на филмот „Невиноста на муслиманите“

Од:

Мир Фарук Хусини, портпарол на организација што претставува околу 450 верски училишта во авганистанската провинција Херат, објави награда од 300.000 долари за тој што ќе го убие авторот на филмот „Невиноста на муслиманите“.

Филмот „Невиноста на муслиманите“, снимен во САД, го претставува пророкот Мухамед како измамник, женкар и педофил. Неговото објавување на Интернет предизвика бран протести низ муслиманските земји.

Хусини денеска објави дека нуди и 500.000 долари за убиството на свештеник во провинцијата Јазд, во соседен Иран, за кој се верува дека упатил навреди кон сопругата на пророкот.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица убиени и 45 повредени во протести во Нигерија против карикатурите на Мухамед

Емир Латифовиќ

Исламска организација бара глобална забрана на навредите на пророкот Мухамед

Емир Латифовиќ

Франција “на нозе“ – ги затвора амбасадите во муслиманските земји

А1он

Франција: Објавена нова карикатура на пророкот Мухамед

А1он