Хуманитарен семеен базар „Еднакви можности за сите“

Од:

Под мотото „Еднакви можности за сите“ денеска ќе се одржи деветтиот семеен базар во Меѓународното училиште „Нова“.

Целта е да се соберат средства наменети за Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ – Здравствен дом Скопје и за активностите на учениците во училиштето.

Семејствата на учениците од меѓународното училиште „Нова“, нивните гости, припадници на бизнис-заедницата од Македонија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор кои живеат и работат во земјава, на базарот ќе подготвуваат јадења, ќе продаваат сувенири од своите матични држави и ќе донираат подароци за лотаријата.

Овој хуманитарен базар под мотото „Еднакви можности за сите деца“ е организиран од Здружението на родители и наставници при меѓународното училиште „Нова“, со поддршка од учениците, родителите и професорите во оваа образовна институција.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза