Жерновски: Во недела центарци излезете на историскиот референдум

Од:

Отворено и без мешање на политиката, вака помина средбата меѓу градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со неговите соработници, директорот на ЈП ПОЦ Саша Богдановиќ со жителите од урбаните заедници Васил Антевски – Дрен и Миле Арсовски.

Жерновски ги повика центарци во недела на 26.04.2015 година да излезат на првиот историски референдум во општината.

„ Референдумот е најдиректниот начин на влијание и почитување на интересите на граѓаните од страна на сите власти. Секоја власт, независно дали е на локално или државно ниво, доколку успее референдумот, ќе внимава какви одлуки носи “, рече Жерновски.

Уште еднаш посочи дека во недела ќе се гласа од 07:00 – 19:00 часот на истите избирачки места каде што граѓаните го остваруваат своето право на парламентарни, локални и претседателски избори.

Во мај месец продолжува акцијата Цел Центар на велосипед. Општина Центар субвенционира до 3.000 денари за секој купен велосипед, а граѓаните треба да поднесат како доказ лична карта, фискална сметка и сметкопотврда.

На жителите од овој дел на Центар, градоначалникот им ја соопшти и веста дека од септември обезбедувањето и еднодневната екскурзија, наместо родителите ќе падне на товар на општината, а во градинките,наместородителите, општина Центар ќе плаќа за англиски јазик и физичко воспитување.

На овој дел од Центар набргу започнува реконструкција на повеќе улици. За сите проблеми околу паркингот во понеделник е закажана средба меѓу станарите и директорот на ЈП Центар Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски