Ланскиот победник на тенискиот турнир во Барселона, Кеи Нишикори е на чекор до ново финале. Тој денеска во четвртфиналето по три сета игра го победи Роберто Баутиста Агут со 2:1 во сетови (6:2; 3:6 и 6:1).
Негов противник во полуфиналето ќе му биде Мартин Клижан. Тој во четвртфиналето денеска го совлада Томи Робредо со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4). Робредо беше победник на турнирот во Барселона во 2004 година.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Давид Ферер, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 7:6) го победи Филип Колшрајбер. Негов ривал во следната рунда утре ќе му биде победникот од мечот Пабло Андухар и Фабио Фоњини.